Ефективно и ефикасно заврши и втората работилница од проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“!

Младите луѓе од 7 Општини имаа можност да ги доживеат овие два поими преку ефективен и ефикасен тренинг во Фитнес центарот “SHE”, односно практично да ја разберат нивната взаемна поврзаност и спротивност. Фитнес Сениор Тренерот преку неколку вежби на учесниците им ја објасни потребата од ефикасен, но и ефективен тренинг за постигнување на целите за најкраток временски период.

Овој принцип беше пресликан и во работата на локалната самоуправа преку низа интересни и впечатливи примери, кои ги презентираше интернационален експерт за локален развој, Александар Караев. Тој истакна дека улогата на локалната самоуправа е обезбедување на квалитетни, ефикасни и ефективни услуги, додека клучните фактори тоа да се постигне се: квалитетните човечки ресурси, организациската култура, законската регулатива, лидерството, менаџментот и ресурсите.

Преку практични примери и асоцијации препознатливи за младите, беа разгледани сценарија на ефективна и ефикасна Општина.

Сосема на крај, заклучокот беше јасен:

„Ефикасност е да се прават работите како што треба, додека ефективноста е да се прават вистински работи“.

Декември, 2021

Потпишан Меморандум за транспарентни општини

Пелагониските општини се обврзаа на транспарентност и вклучување на младите во нивното работење во рамките на проектот „Зајакнување на луѓето во Пелагонија“ чиј почеток беше означен на Свеченото отворање во Битола.

Со потпишувањето на Меморандумот за отворени општини и соработка во рамките на проектот, Градоначалниците на пелагониските општини: Ресен, Кривогаштани, Крушeво, Демир Хисар, Могила, Долнени и Новаци, потврдија дека ќе се залагаат за унапредување на демократијата и развојните процеси, со цел поттикнување на младите кон активно учество во јавниот живот и креирање на локални политики.

Регионалниот настан го отворија в.д Амбасадорот на Кралството Холандија, г-динот Роберт Декер, Градоначалникот на Општина Битола и Претседател на Совет за развој на Пелагонискиот Регион, г-динот Тони Коњановски, додека од името на организаторот, Про Локал, се обрати Претседателот на организацијата, г-ѓа Емилиа Ѓероска. Сите ја истакнаа важноста на широката коалиција во рамките на проектот меѓу општините, граѓанските организации и целната група – младите од Пелагонискиот регион.

Пред повеќе од стотина присутни од локалните самоуправи, граѓанскиот сектор и младите од регионот, беа презентирани и меѓународните фондови достапни за аплицирање за имплементација на проекти поднесени од општините и граѓанските организации.

Програмите на ЕУ во нашата земја ги претстави Karl Giacinti, програмски менаџер на Делегацијата на Европската Унија кој истакна дека Европската Унија има сериозен фонд кој е отворен за апликанти од нашата земја кој се имплементира преку различни програми но дека постојат процедури кои општините треба да ги совладаат со цел да станат корисници на овие грантови.

Бети Баковска, советник од Амбасадата на Кралството Холандија ја презентираше МАТРА Програмата која е отворена за граѓанскиот сектор и преку која е поддржан и овој проект. Мирјана Македонска – национален програмски офицер од Швајцарската Агенција за соработка и развој, ги претстави проектите кои СДЦ ги реализира, а се наменети за општините во Пелагонија, додека Билјана Гугоска Цветановска, раководител на секторот за Демократско владеење во УНДП ги најави проектите кои во текот на 2022 ќе ги реализираат со цел унапредување на развојот во општините од регионот. Наташа Николовска Станковиќ од проектот СРМА кој се реализира преку USAID ги образложи можностите за вклучување на општините како корисници на нивните услуги.</p\>

Проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“, предводен од Про Локал од Битола, во партнерство со уште девет локални организации од регионот: Волвокс – Битола, Европска Гледна Точка – Битола, Младински Сојуз – Крушево, Хуманост кон Младите – Десово, ЛАГ Агро Лидер – Кривогаштани, ЛАГ – Преспа, ЕКО Герила – Преспа, Центар за креативни индустрии – НЕБО и Граѓанска Актива Икарус – Демир Хисар, со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија ќе се реализира во наредните 12 месеци.

Декември, 2021

Првата работилница се одржа во два дела, односно во Отешево, со учесници од општините: Демир Хисар, Ресен, Могила и Новаци, од првиот микрорегион и во Крушево, со учесници од општините: Крушево, Крвогаштани и Долени, од вториот микрорегион, на тема: Participation, Representation, Fair Conduct of Elections.

Целата на оваа работилница е преку демонстрација и практична примена на теоретските знаења, учеснците да стекнат повеќе знаење за изборниот процес во една демократска држава. Експертите Борче Димитровски и Иван Дургутов споделија знаења помеѓу медаторите и учесниците за добрите демократски практики врз база на претходни искуства.

Во оваа работилница учествуваа и претставници на останатите невладини организации од овој порект: ЕКО ГЕРИЛА – Преспа, ЛАГ Агро Лидер, Европска Гледна Точка, Граѓанска Актива Икарус, Центар за креативни идеи – НЕБО, Волвокс Битола и НВО – Хуманост кон младите – Долнени, Младински сојуз- Крушево и ЛАГ Преспа.

Отешево:

Крушево:

Ноември, 2021

Работилницата која се одржа во Скопје и која траеше пет дена, беше наменета за бездомните лица. За почеток свое излагање имаа Емилиа Ѓероска од Про Локал и Дејан Станковиќ од Ин Виво, и истите ги претставија своите организации како и целите и агендата на проектот „HOPE“, пред учеснците. Исто така во оваа работилница учествуваа и многу едукатори кои имаа за цел да ги поттикнат учесниците својот потенцијал да го претворат во одреден производ или вештина. Успешниот теоретски дел заврши со практични активности, каде учениците имаа можност да бидат дел од правењето на чешми, каде истите имаа можност да ги покажат своите вештини. За крај, преку интересна дебата помеѓу едукаторите и учесниците, се донесе заклучок дека секогаш постои начин за одржлива реинтеграција.

Ноември, 2021

Претседателот на невладината организација Про Локал, Емилиа Ѓероска, денес беше во посета на општина Демир Хисар и заедно со градоначалникот на општината, Никола Најдовски раговараа во рамките на проектот „Зајкнување на луѓето од Пелагонија“, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.

Во овој проект се вклучени млади луѓе од општина Демир Хисар, кои заедно со градоначалникот и советот на општината, ќе учествуваат во носењето на јавни политики, односно тие заедно со општинската администарција ќе дебатираат за принципите на работа и доброто владеење. Исто така преку интензивни активности во наредните 10 месеци, ќе се овозможи лесен пристап на младите луѓе во сите активностите потребни за реализирањето на проектите, кои што се од големо значење за унапредување на локалната заедница.

Ноември, 2021

„Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ е проект финансиран од Амбасадата на Кралството на Холандија, чија што имплементација започна на 01.11.2021 и ќе трае во наредните 12 месеци. Овој проект е наменет со цел да се зголеми мотивацијата на луѓето од руралните средни и истите да земат поголемо учество во јавниот живот.

Реализирањето на овој проект е предводено од невладината организација ПРО ЛОКАЛ од Битола, заедно со уште двете други невладини организации од пелагонискиот регион: ЕКО ГЕРИЛА – Преспа, ЛАГ Агро Лидер, Европска Гледна Точка, Граѓанска Актива Икарус, Центар за креативни идеи – НЕБО, Волвокс Битола и НВО – Хуманост кон младите – Долнени, Младински сојуз- Крушево и ЛАГ Преспа. Покрај овие организации, вклучени се и општините: Ресен, Могила, Новаци, Кривогаштани, Крушево, Долнени и Демир Хисар, со своите претставници.

Првиот работен состанок се одржа на 14.10.2021 во новоиградениот мултифункционален центар во село Слоештица, чија што цел беше детално запознавање со проектните активности кои треба да се превземат во реализирањето на овој проект.

Повеќе информации од работните состаноци на партнерските организации и сите останати активности, на нашите профили на социјалните мрежи:

Instagram: //www.instagram.com/empowering_ppl/

Facebook: https://www.facebook.com/Empowering-the-people-of-Pelagonija-108629411617445

Октомври, 2021

На заедничкиот дводневен партнерски состанок од ERASMUS + HOPE проектот во Атина, Грција, ПРО ЛОКАЛ имаше одлична можност за соработка со ИН ВИВО од Скопје, Challedu од Грција и LIBERITUTTI SOCIETA од Италија. Целта на овој партнерски состанок беше, како да се мотивираат и зајакнат луѓето со помалку можности, кои имаат одреден потенцијал и знаење. Се разговараше како тие своите вештини би ги претвориле во одреден производ, од кој воедно би имале и одржлива вештина.

Првиот ден беше резервиран за состанок на кој координаторите на сите организации ги презентираа своите искуства, а воедно и ги посочија своите прашања во однос на методологијата за имплементација на проектот.

Вториот ден беше наменет за креативните едукатори од сите четири организации, кои разговараа на конкретни теми, односно на градењето на капацитети за работа со возрасни лица со помалку можности. Евгенија Здравевска од ПРО ЛОКАЛ, дефектолог, разговараше со другите едукатори за начинот на кој би се спроведил еден структурен план, со кој што луѓето најефикасно би ги претвориле своите идеи и вештини во одреден креативен производ.

Септември, 2021

Проектните партнери на HOPE проектот одржаа воведен состанок за да ја одредат динамиката на имплементација и да ги дефинираат принципите на видливост и дисеминација на проектните резултати. Сите 4 партнери, ИНВИВО од Скопје, Про Локал од Битола, Либертути од Торино и Шаледу од Солун започнуваат соработка за прв пат со една благородна цел – да им помогнат и да ги зајакнат луѓето со помалку можности да ги развиваат своите уметнички потенцијали во пазарни вештини!

Проектот HOPE има повеќеслоен ефект.

Нашите специфични цели се:
Прво, да им помогнеме на луѓето да ја развиваат својата креативност во уметнички вештини.
Второ, да се поттикне социјалната вклученост на луѓето со тешко минато преку уметноста и трето, да се промовира социјалното претприемништво во сите 3 партнерски земји, Северна Македонија, Италија и Грција.

Април, 2021

Тимот на ПРОЛОКАЛ ќе реализира ЕРАЗМУС КА2 Проект за партнерства за креативност HOPE/НАДЕЖ во рамките на Повикот за Соработка за иновации и размена на добри практики; KA227

ПРОЛОКАЛ соработуваше со ИН ВИВО од Скопје, Challedu од Грција и LIBERITUTTI SOCIETA од Италија за заеднички развој и организирање на активности за социјална инклузија. Зајакнување на капацитетите на луѓето со помалку можности да ги исполнат своите целосни потенцијали преку креативност и социјално земјоделство е главниот фокус на проектот HOPE.

Во Северна Македонија, ќе работиме во регионот на Скопје и Пелагонија, идентификувајќи ги потребите и можностите на примарната целна група што живее надвор од урбаните центри, заради што се соочува со недостаток на социјални активности во заедницата.

Креативните резултати ќе бидат дистрибуирани со размена меѓу крајните корисници на трите земји, а ќе бидат и достапни на Интернет за пошироката публика.