
Со куглање до соработка – започна проектот „Младински политики по мерка на младите“
May 31, 202450 млади луѓе од рурална Пелагонија се здобија со Интернационални Сертификати за неформално образование за граѓанско учество. Младите од проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“ имаа исклучителна можност да учествуваат на Тренингот за граѓанско учество, 25-28.04.2024 во Охрид, кој го одржа експертот Willeke van Leeuwen, од високо ценетата Академија за локално владеење од Хаг, Кралство Холандија. На тренингот учествуваа и претставници од Про Локал, Битола и претставници од уште осум локални граѓански организации од рурална Пелагонија.
Интерактивните сесии, дискусиите и многуте вежби пренесоа практични знаења до младите како до поголема вклученост и креирање на локални политики во својата локална заедница. Фокусот беше ставен и на методите за градење на капацитетите на младинските организации во соработка со локалната самоуправа и како заедно да обезбедиме висок степен на младинско учество и мотивирачки простор за развој на младински политики на локално ниво.
Четиридневниот Тренинг заврши со свечено доделување на Сертификати за успешно завршен Тренинг, на повеќе од 60 учесници и присутни на истиот.