Колку младите се финансиски интелегентни?
Последната осма обука за оваа година во рамките на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“, се одржа во Охрид од 23-24.12.2023.
Прво започнавме со Дејан Проданоски, Претседател на Совет на Општина Прилеп. Со него разговаравме за прашања повразни со работата на локалната самоуправа, а особено за начинот како младите кои имаат свои идеи за проекти да стигнат до Општината и истите да ги реализираат.
На оваа тема се надоврза и Претседателот на организацијата Про Локал, Емилиа Ѓероска, истакнувајќи ја важноста на широката коалиција во рамките на проектот меѓу општините граѓанските организации и целната група – младите од Пелагонискиот регион.
За што тоа значи финансиско менаџирање и како да се управува со парите денес, разговаравме со Александар Манев на тема: „Планирање на личен буџет, како да сме паметни со своите пари“. Заедно со младите разговаравме и за можните финансиски неуспеси, предизвикани од лош финансиски менаџмент и евиденција. Вториот дел од оваа работилница младите работеа во групи и самите направија план за менаџирање на одреден месечен буџет, проследен со реални трошоци.
Денот заврши со Стефана Најдоска – учесник од првата генерација на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“, која ни раскажа како изгледа еден обичен ден на студент во Македонија и како да се менаџира со финансиските средства што им следуваат за студентите. Покрај ова, таа ни го долови и личното искуство во проектот.
Наредниот ден се дружевме со Адријана Булевска Зариќ, Експерт по финансии, која што низ практични примери ги информираше младите како и со кои алатки да го следат трошењето на пари на општините, но и активно да предлагаат проекти во годишните планови за развој на локалните заедници. Таа јасно потенцираше дека нашата обврска да плаќаме данок значи и право да го мониторираме планирањето и трошењето на јавните пари.
Декември, 2023
ЗАВИСНОСТИ – ИЗБОР ИЛИ ПОСЛЕДИЦА
На Нова Сцена во Битола, младите од Пелагонија дебатираа дали зависностите се ИЗБОР или ПОСЛЕДИЦА, колку ние како општество успеваме да им помогнеме на оние кои се борат со пороците и најважно од се, дали правиме доволно за превенција или задоцнуваме да дадеме поддршка во вистинскиот момент.
Панелот составен од Ивана Маринчек – психотерапевт, Ќуфли Османи – универзитетски професор по психолошки науки и Тони Попов – сестран уметник и активист за превенција и едукација на деца и млади преку уметност од панелот потврдија дека во современото општество, секој од нас е зависен од нешто – кој од шопинг, кој од работа, кој од чоколадо, кој од внимание, но има, за жал во се поголем број млади, кои се на работ да станат зависни од дрога, од коцкање…
Прашањето кое младите го поставија до панелот беше како младите да препознаат кога таа навидум безопасна потреба за задоволство се претвора во „зависност”, во владетел врз нашиот ум, срце и тело…кога едно пиво се претвора во редум пијани ноќи, кога еден џоинт се претвора во пропуштени часови, изгубени пријатели, кога едно ливче во кладилница се претвора во крадење пари од дома за целовечерно коцкање, кога пола дијазепам станува единствена утеха секое утро и секоја вечер….
Младите ги споделија искуствата од своето секојдневие, кажаа јавно достапноста на пороци е многу поголема од достапноста на помош и поддршка за младите, дека дрога е многу лесно и евтино да се купи, дека кладилници има повеќе од продавници и дека нивните врсници кои се на прагот да станат зависници најчесто помош бараат од другарите а не од институциите.
Од друга страна, панелистите дебатираа дека младите и покрај искрената желба да бидат поддршка за своите другари кои се борат со пороци, сепак се и самите неискусни и немаат стручни вештини да им помогнат на зависниците. Дополнително, младите проговорија и за јавната осуда кон зависниците наместо отвореноста на општеството за нивно прифаќање и помош низ лавиринтите на институциите на системот задолжен за борба со пороци.
Со грч во грло но со широко отворени очи полни со желба за помош и поддршка на своите врсници кои се борат со зависности, младите испратија порака за поддршка но и апел за проактивност на институциите за поголема превенцијана зависмостите кај младите. Дебатата, на која присуствуваа и заменикот Амбасадор на Кралството Холандија, Роберт Декер и Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, се одржа во рамките на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2″ финансиски поддржан од Амбасадата на Холандија а имплементиран Про Локал заедно со уште осум локални организации од Пелагонискиот регион.
Декември, 2023
„Различни потреби – Идентични права“
Про Локал започна со имплементација на проектот „Различни потреби – Идентични права“. Проектот има за цел да го зголеми младинското учество на младите кои живеат во рурални средини наспроти младите кои живеат во урбани средини, во процесите на креирање и носење јавни политики.
Во проектот директно ќе бидат вклучени 18 млади лица/неформални лидери, по двајца од сите општини од Пелагонискиот регион.
Со имплементација на активностите на проектот ќе се овозможи олеснителен пристап на младите од руралните средини до носителите на одлуки, а со тоа директно ќе се придонесе кон:
• Идентификување и решавање на локални младински проблеми/прашања со користење на пристапот заснован на права;
• Зголемено вклучување на младите во процесите на одлучување на локално ниво;
• Подигнување на свеста за нееднаквите можности на младите од руални наспроти урбани средини.
Оваа активност е дел од проектот „Заедници инклузивни за млади”, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија – НМСМ, во партнерство со Фондација за развој на локалната заедница – Штип, SFERA International Битола и Платформа за младинско јакнење ЈЕП –Гостивар, со финансиска поддршка од Европската Унија. Главната цел на проектот е подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот.
Декември, 2023
ЕТИКА И МОРАЛ
На 11-ти и 12-ти Ноември во Охрид се одржа и седмата обука на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“.
Започнавме со Фросина Денкова Зафировска, Член на Етичкиот одбор при Комората на психолози, на тема „Етичко однесување“. Работилницата беше организирана со цел да ги подигне свеста и знаењата на млади лица од 9 општини од руралната Пелагонија во врска со основните поими и принципи на етиката и моралот. Освен теоретскиот дел, следуваше и практичен дел со групна дискусија, каде учесниците беа поделени во групи и решаваа реални етички дилеми.
Наредниот ден продолживме со Милчо Дули, Осонач на младински центар и претседател на СФЕРА со Работилница за личен развој на тема „Програми за вмрежување и младински можности“. Оваа интерактивна работилница беше посветена на учењето на учесниците како да користат интернет и локални ресурси за наоѓање на информации за програми и повици за млади. Беше ставен акцент на програми кои нудат стипендии и финансиска поддршка, со додатен фокус на стратегии за планирање патувања со цел учење и личен развој.
Се дружевме и со Елена Гилевска, учесник од првата генерација на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“, која го сподели своето искуство во овој проектот, но исто така ни долови и искуство од учество во други проекти.
Обукат заврши и имаше успешен и воспоставувачки ефект, пружајќи на учесниците важни знаења и алатки за нивниот личен и професионален развој.
Ноември, 2023
КОНФЛИКТ – ОПАСНОСТ ИЛИ МОЖНОСТ?
На 13-ти и 14-ти октомври се одржа шестата обука во рамките на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“.
Започнавме со експертот/адвокат Никола Главинче на тема „Владеење на правото“ од 12-те принципи на Добро Владеење. На оваа работилница разговоравме за тоа што значи владеење на правото и колку/како истото функционира во нашата држава. Слушнавме и многу интересни и специфични примери кои оставиле траг во историјата на правото.
За управување со конфликти разговарвме со Жарко Костиќ, тренер за личен развој. На оваа тема која е неизбежна при секојдневите ситуации, ги проучивме специјалните методи за здобивање на комуникациски вештини за управување со конфликти / судир на интереси.
На крајот на оваа обука ја слушнавме и Снежана Пивковска, учесник од првата генерација на учесници на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“, која што ни го долови нејзиното искуство во проектот. Ни ја сподели и приказната за нејзиното лично и професионално надоградување за време на практикантската работа во Општина Могила, која што e дел од активностите на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“.
Октомври, 2023
ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА МЛАДИ ВО РУРАЛНА ПЕЛАГОНИЈА
Во рамките на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“, предводен од граѓанската организација Про Локал, а поддржан од Амбасадата на Кралството на Холандија во Македонија изработена е Стратегијата за млади на Општина Ресен, Новаци и Кривогаштани.
Локалната стратегија за млади на овие општини се темели на потребите и интересите на младите, а во насока на унапредување на нивната положба во рамки на општествената средина.
За изработнка на Локалната стратегија за млади беа одржани дводневни работни сесии во Куманово, Кавадарци и Охрид со формирани работни групи, составени од млади лица и претставници на општините и институциите од сите три општини, додека фасилитатор на сесиите беше Зоран Илиески од Коалиција СЕГА.
Приоритетите утврдени со Локалната Стратегија за млади ќе се спроведуваат со цел натамошно унапредување на еднаквоста и еднаквите можности, притоа создавање стимулативна средина за развој на потенцијалот на младите и нивен подобар квалитет на живот.
На крајот на дводневните обуки ги посетивме и Младинските Центри во Куманово, Кавадарци и Охрид, а за тоа како функционираат и со што располагаат имавме можност да слушнеме од претставници вработени во истите.
Октомври, 2023
ОДРЖЛИВОСТ И ДОЛГОРОЧНА ОРИЕНТАЦИЈА
На 16-ти и 17-ти Септември во Крушево се одржа петтата обука на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“.
Дводневната обука ја започнавме со Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Секторот за управување со отпад при Управата за животна средина, на тема „Oдржливост и долгорочност“.
Како и колку овие принципи се спроведуваат во нашата држава и дали одржливиот развој заостанува?
Целта на оваа работилницата беше младите од Пелагонискиот регион да се запознаат со принципите на „одржливост“ и „долгорочна ориентација“ и да стекнатат вештини и знаења како би можеле да станат активни носители на позитивни промени во нивните локални заедници. Заклучокот беше дека целите за одржлив развој допрва ќе треба да се инкорпорираат во системот на државата, а исто така и улогата на Општините за одржлив развој во земјата е од големо значење.
Работилницата за личен развој ја одржа Станислав Петковски – специјалист по клиничка психологија, СТА трансакциски аналитичар, и семеен системски терапевт, на тема „Моите желби и амбиции наспроти моите ограничувања “. Во првиот дел заедно разговаравме за знаењата и информации за потребите и желбите, додека во вториот дел за трансформација на желбите во цели и развивање на адекватни компетенции во остварување на целите.
За искуството и за личното и професионално надоградување стекнато со учеството во проектот ја слушнавме и Марија Николоска, учесник од првата генерација на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“.
Имавме можност да ги посетиме и спортската сала „Војвода Ѓорги Стојанов“ и кино салата при СОУ „Наум Наумовски Броче“.
Со адреналински и возбудлив крај и посета на авантуристичкиот и адреналински парк во Крушево ја заокруживме оваа дводневна обука.
Септември, 2023
Одговорност и Проактивност
Дводневната четврта обука во рамките на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“ се одржа во Преспа.
Започнавме со Бујар Драла – Менаџер за човечки ресурси во СН финансии, на тема „Креирај го твоето CV и мотивациско писмо“ од работилниците за Личен развој. Младите слушнаа многу корисни совети за креирањето на професионално резиме односно CV, која е од најважните маркетинг алатки за самопромоција на секој барател за вработување, а исто така ги слушнаа и најчестите грешки кои што ги прават луѓето при креирање на CV. На крај на оваа работилница младите беа подготвени да креираат и свое CV.
Мартин Тренески, учесник од првата генерација на „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“, го сподели своето искуство во проектот и како тоа одржаните работилници влијаеа на зголемување на неговата самодоверба за активно вклучување во барањата на млади во Локалната Самоуправа, како и во многу други ситуации.
Работилницата за „Responsiveness“ / „Одговорност“ од 12-те Принципи на Добро Владеење, ја одржавме на островот Голем Град каде покажавме и научивме како да бидеме активни и навремени во зададени ситуации. Заедно со нашиот експерт за локален и регионален развој Рубин Николоски научивме што значи „Responsiveness“ на пуст остров, но и во локалната самоуправа! Учесниците симулираа незгоди на пуст осторв и нудеа брзи решенија за одговорност и проактивност во различни околности или при несекојдневни предизвици.
Јуни, 2023
Менталното здравје и младите
Првата Јавна Дебата во рамките на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2 “ се одржа на 14.06.2023 во кристалната сала во Офицерски Дом во Битола, на тема „Менталното здравје и младите“. Конкретно на тема „Интернет- кој кого користи, јас него или тој мене?!“
Модератор на дебатата беше Живкица Каленикова – автор и водител на ТВ емисиите Тунел и Жилет, додека панелисти беа Станислав Петковски-специјалист по клиничка психологија, Миа Костова – водител и инфлуенсер, Софија Арнаудова – професор од Филозофскиот факултет. Сите ги претставија пред младите своите ставови во врска со оваа комплексна тема на 21 век.
Менталното здравје во Пелагонискиот регион не е повеќе ТАБУ тема, а за неговата поврзаност со секојдневните проблематики на младите и зависностa од интернетот, младите јавно дебатираа пред публика од 180 луѓе. Двочасовнта дебата помеѓу панелистите и сите млади во публиката јавно го отвори прашањето – КАДЕ МОЖАТ ДА ДОБИЈАТ СОВЕТ за полесно да ги надминат своите емотивни предизвици.
Регионалната јавна дебата за Менталното здравје и младите, ја организираше Про Локал, со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството на Холандија.
Јуни, 2023
Колку чини мојот производ?
Младите од рурална Пелагонија ставија цени на своите иновативни производи! Работејќи на финализација на бизнис плановите, во рамките на проектот FAST FORWARD, 15 млади ги презентираа своите претприемнички идеи и истражуваа како да ги освојат пазарите во регионот.
Петтата работилница која се одржа оваа сабота во Битола беше посветена на истражување на пазарниот потенцијал на нивните бизнис идеи и формирање на индикативни цени со цел младите да проверат колку нивните идеи се рентабилни и пазарно ориентирани.
Дополнително, младите работеа на анализа на спецификите на конкретен пазар, анализа на сегмент од пазар како и разработка на профил на потенцијален купувач.
Ги разгледаа своите бизнис планиви и низ призмата на приходите и расходите односно направија проценка на потребните инвестиции и започнаа со изработка на базична финансиска проекција за наредните три години по основањето на нивниот стартап. Во последниот дел на работилницата, експертот им помогна да ги совладаат и основите за “пичинг” на една бизнис идеја.
Проектот “FAST FORWARD – развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина” е имплементиран од Здружението за унапредување на развојни процеси ПРО ЛОКАЛ од Битола со поддршка од Американската Амбасада во Северна Македонија.
Јуни, 2023
МЛАДИТЕ ВО ПЕЛАГОНИЈА ПРОДОЛЖУВААТ СО РАЗВИВАЊЕ НА СВОИТЕ БИЗНИС ИДЕИ!
На 13.05.2023 година во Битола продолжија активностите на проектот “FAST FORWARD” во чии рамки се реализираше четвртата работилница од модулот: ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ И ДЕЛОВНО ПЛАНИРАЊЕ – ПАЗАРНА ВАЛИДАЦИЈА НА БИЗНИС ИДЕИ.
За време на работилницата, младите учесници од Пелагонискиот регион ги презентираа своите бизнис идеи разработени во CANVAS формат притоа разработувајќи ги најважните аспекти на секој стартап и тоа: потенцијални клиенти, value proposition, канали на дистрибуција, маркетинг и промоција, потребен инвестициски капитал, расходи и клучни активности.
Со цел поголем импакт од работилницата, за време на истата со учесниците беше дискутирано и за поими и практики кои се од исклучителна важност за раст и развој на секој бизнис во почетна фаза како што се бизнис акумен, лидерство и ефикасна комуникација.
Како и кај претходните три работилници, според коментарите и евалуацијата од страна на учесниците, целта на работилницата беше постигната: учесниците имаа можност да ги разработат и валидираат своите бизнис идеи но и да стекнат нови знаења и вештини кои ќе им помогнат да ги реализират своите претпремачки планови и да ги креираат своите бизнис успеси истовремено применувајќи иновативно размислување и пазарна логика.
Проектот “FAST FORWARD – развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина” е имплементиран од Здружението за унапредување на развојни процеси ПРО ЛОКАЛ од Битола со поддршка од Американската Амбасада во Северна Македонија.
Мај, 2023
Дали сè што е Ефективно е и Ефикасно?
Со ефективен и ефикасен тренинг започна третата обука на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“. Заедно со Рубин Николоски, IML Водич и инструктор, после кратка презентација, учесниците имаа можност преку неколку примери и вежби да научат за потребата од ефикасен, но и ефективен тренинг со цел постигнување на најдобри резултати во најкраток временски период.
Работилницата за Ефективност и Ефикасност од 12-те Принципи на Добро Владеење, продолжи со Александар Караев, Интернационален експерт за локален развој, кој што истакна дека улогата на Локалната самоуправа е да испорачува квалитетни, ефикасни и ефективни услуги, додека клучните фактори тоа да се постигне се: квалитетните човечки ресурси, организациската култура, законската регулатива, лидерството, менаџментот и ресурсите.
Втората половина од обуката, односно работилницата за личен развој ја започнавме со Андреј Наумовски, учесник од првата генерација на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“, кој што преку личното искуство во проектот го долови неговото надградување на лично и професиноално ниво. Заедно со учесниците разговараа за потребата од континуирано надградување и усвојување на нови и современи знаења во секојдневниот живот, но и во кариерата. Се дебатираше и дали современите вештини повеќе се стекуваат во формалното или неформалното образование; младите ги издвоија придобивките и недостатоците од двата вида на образование во нашиот регион.
Бранко Попоски, маркетинг директор и фуд блогер ја заврши оваа дводневна обука со неговата приказна за постигнатиот успех во светот на маркетингот и кулинартвото. Тој пред младите го раскажа својот животен пат до успехот, со многу успони и падови, но без разочарувања и со единствена мисла „Да не се откажуваме од својот сон!“
Сосема за крај, сите заедно ги подготвивме и вкусивме брзите закуски од рецептите во неговото кулинрско шоу.
Мај, 2023
РОЛЕТНИ СО ФОТОВОЛТАИЦИ, ПРОТЕИНСКА ИСХРАНА, ЧИСТЕЊЕ НА ИНДУСТРИСКИ ОБЈЕКТИ, МОДНА ЛИНИЈА СО ЕТНО ЕЛЕМЕНТИ, АГЕНЦИЈА ЗА НЕДВИЖНОСТИ И ШИШЕ БАР ВО РУРАЛНА ПЕЛАГОНИЈА.
На 22.04.2023 година во Битола се случи третата работилница во рамки на проектот „FAST FORWARD“ на тема: ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ И ДЕЛОВНО ПЛАНИРАЊЕ – ПАЗАРНА ВАЛИДАЦИЈА НА БИЗНИС ИДЕИ
Преку алатките SWОT анализа и CANVAS, на третата работилница беа дефинирани и разработени вкупно 15 иновативни идеи како што се ролетни со фотоволтаици, протеинска исхрана, чистење на индустриски објекти, модна линија со етно елементи, бизнис со недвижности и шише бар а преку примерот на локалниот стартап Cythero и нивната приказна како една претприемничка идеја на штотуку дипломирани средношколци стигна до клиенти како Тојота и BASF, учесниците на настанот од прва рака се запознаа со траекторијата на еден успешен бизнис, од зачеток и успешно лансирање до негово пазарно валидирање, и тоа во интернационални рамки.
За време на работилницата, учесниците учеа за подемите и падовите на претприемачот, предизвиците со кои тој/таа се соочува, но и за задоволството и возбудата кога една идеја се претвора во светски успех.
Според коментарите на учесниците, настанот ја постигна целта: стекнати беа знаења и вештини кај таргетираните млади од руралните средини со кои тие полесно ќе ги совладуваат пречките и стравовите и интелигентно и смело ќе ги креираат своите бизнис успеси практично применувајќи современа теорија и акумулирани искуствa.
Проектот “FAST FORWARD – развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина” е имплементиран од Здружението за унапредување на развојни процеси ПРО ЛОКАЛ од Битола со поддршка од Американската Амбасада во Северна Македонија.
Април, 2023
За промени се потребни иновации, а иновациите водат кон прогрес!
На 8-ми и 9-ти Април во Охрид се одржа и втората обука на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“. Обуката се состоеше од една работилница „Иновации и отвореност за промени“ од 12-те Принципи на Добро Владеење и една работилница за личен развој.
Младите од рурална Пелагонија имаа можност да се запознаат со принципот – иновации и отвореност за промени. Заедно со проф. д-р Моника Марковска разговараа за иновациите, кои не подразбираат само иновативни стартапи, туку и истражување и развој, како и начин на размислување. Младите се согласија дека овој концепт може/треба да се применува во локалната самоуправа во нивните места на живеење, со цел подобрување на квалитетот на живот во нивните локални заедници и формирање на современо општество засновано на принципи на добро владеење.
Младите имаа можност да “влезат“ и во светот на виртуелната реалност со употреба на очила за виртуелна реалност и на тој начин да остварат интеракција со виртуелната средина, која денес претставува голем предизвик за иновации и извор на нови можности.
На тема „Инфлуенсерство – професија на 21 век“, една од темите за личен развој, се дружевме со Александра Шијакоска, која е позната инфлуенсерка, не само во Пелагонија, туку и во целата држава. Александра покрај тоа што ни ја раскажа својата приказна и постигнатиот успех во водите на дигиталниот свет – инфлуенсерството, таа исто така истакна дека инфлуенсерството е професија во подем, со која младите ќе можат и добро за заработуваат. За таа цел таа ги претстави и сите нови трендови кои се користат на социјалните медиуми и објасни колку значи добро формираната објава и содржина на истите.
Април, 2023
“УЛАФ СТЕ ДА РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СОПСТВЕН БИЗНИС ВО ПЕЛАГОНИЈА”?
15 МЛАДИ ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ВО РЕГИОНОТ СО НОВИ ПРЕТПРИЕМНИЧКИ ВЕШТИНИ
На 25.03.2023 година во Битола се одржа втората обука во рамките на проектот FAST FORWARD на тема “Генерирање на бизнис идеи” на која 15-тина млади од руралните општини: Новаци, Могила, Кривогаштани, Долнени, Ресен, Кривогаштани и Крушево се стекнаа со нови знаења за генерирање, анализа и селекција на претприемнички идеи кои имаат потенцијал да се развијат во бизнис план а потоа и во одржлив бизнис.
За време на обуката, младите претприемачи идентификуваа бизнис идеи кои ќе решаваат конкретни проблеми и се стекнаа со вештини за споделување и соочување на своите бизнис идеи со поширока публика. Како дел од проект кој е поддржан од Амбасадата на САД во Северна Македонија а имплементиран од Здружението на граѓани за унапредување на развојните процеси – Про Локал Битола, за време на настанот, идните претприемачи од регионот стекнаа нови знаења на теми поврзани со развојот на претприемништвото како што се: микро-анализа на бизнис идеја, пичинг на бизнис идеја и се запознаа и со основните критериуми за анализа и селекција на бизнис идеја.
Со цел дополнителна мотивација на учесниците, за време на обуката своја презентација одржаа и оснивачите на стартапот “УЛАФ СТЕ” од Битола кои и покрај тоа што се лица со пречки во слухот и говорот, успешно го водат својот бизнис и тоа во време на здравствени рестрикции, инфлација и општ пад на економијата.
Март, 2023
Што значи Законот за младинско учество и младински политики?
Од 17 до 19 март во Охрид се одржа семинарот за Законот за младинско учество и младински политики, во рамките на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“. На овој семинар покрај 50-те млади од рурална Пелагонија, беа присутни и Градоначалници и службеници од неколку Пелагониски општини.
Младите имаа можност да научат кои се формите на младинско организирање, како можат да учествуваат во процесот на креирање на младински политики и донесување одлуки кои се однесуваат на нив.
Заедно со Драган Атанасов и Драган Маркоски (обучувачи за младински прашања) младите дискутираа за улогите на различните актери во спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики, за на крај преку симулација да ги доловат влијанијата на сите актери кои придонесуваат или не придонесуваат за спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики. Градоначалниците и претставниците од општините во Пелагонија, исто така разговараа со младите за креирање и спроведување на политиките за млади на сите нивоа преку повеќе-секторски пристап, поаѓајќи од потребите и интересите на младите.
Беше организирана и посета на Младинскиот Центар во Охрид, каде младите имаа можност да слушнат од Заменик Градоначалникот на Охрид – Перчо Божиновски, како всушност еден Младински Центар се формира и како подоцна истиот функционира. За унапредување и поттикнување на учеството на младите во процесите на донесување одлуки во локлната заедница, како и за унапредување на личниот развој на младите и развување на креативниот потенцијал, младите имаа можност да слушнат од Зоран Илиески од Коалиција СЕГА и Јован Цветкоски – раководител на Младинскиот Центар во Охрид.
Сите учесници на семинарот заклучија дека во Пелагонија е потребно секоја општина да посвети посебно внимание за младите и да им овозможи реализација на сите активности кои се предвидени според Законот.
Март, 2023
Со фер и демократски избори започнаа обуките на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“
На 24.02.2023 се одржа првата работилница за 12-те принципи на Добро Владеење на тема: „Партиципативност, застапување и фер спроведување на избори. Работилницата ја одржа Габриела Илиевска, Претседател на независна советничка група „ПОИНАКУ“ – Битола. Во првиот дел од работилницата, кој што се одвиваше интерактивно, младите имаа можност да слушнат, а уште повеќе и да прашаат и дебатираат за тоа ДАЛИ имаме демократски избори и КАКО се одвива целокупниот изборен процес во една демократска држава.
Вториот дел од работилницата беше симулација – се одржаа ИЗБОРИ во Пелагонија! Младите преку вежба го “поминаа” целиот изборен процес при одржување на локални избори во една општина. Учесниците изработија изборна програма со ветувања, додека кандидатот за Градоначалник ја претстави неговата агенда пред гласачите односно останатите учесници, за на крај да се спроведе и тајно гласање, на кое што со само еден глас разлика победи најдобриот “политичар”.
Во рамките на првиот настан, на 25.02.2023 се одржа и првата работилица за личен развој, на тема „Јавно Говорење“. Експерт на оваа тема беше Димитар Атанасовски, водител и говорник, кој што преку презентација и лично искуство ја претстави важноста на јавното говорење. Преку интересни примери, младите имаа можност да слушнат а и да се уверат дека говорот е најмоќното лично “оружје“, кое треба да се искористи во секојдневните ситуации, но и во професионалниот живот. На крајот на оваа работилница и самите учесници имаа можност јавно да говорат и да си го искажат своето мислење пред останатите учесници на тема што е тоа што ги мотивира младите денес.
Михаил Стевковски, учесник од првата генерација на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ го сподели своето претходно искуство како учесник на овој проект, и на младите им се довери дека од најлош оратор во своето училиште за само две години е човек кој одржува СТЕНД АП-и и јавно говори на теми важни за него и за секој млад човек. Мики, како што е познат меѓу младите е вистински пример како овој проект придонесе за неговиот личен развој и поголема самодоверба при јавното говорење.
Март, 2023
МОТИВИРАЧКИ СТАРТ на проектот за Зајакнување на младите во Пелагонија 2
Над 50-тина млади од сите 9 општини во Пелагонискиот регион со голем ентузијазам го означија почетокот на нивното двегодишно дружење со очекување дека на крајот од проектот ќе можат многу поуспешно да влијаат врз општините и институциите на регионално ниво и да ги наметнат своите идеи за развој на местата каде што живеат.
Проектот „Зајакнување на младите во Пелагонија 2“ на младите ќе им пренесе знаење преку иновативни работилници на отворено, јавни дебати без предрасуди, симулации на седници на Совет, обуки и тренинзи на теми за личен развој кои ќе ги одржат домашни и странски експерти. Повеќето млади за првпат ќе учествуваат во проект надвор од училниците или предавалните во редовното образование затоа што во помалите и рурални општини речиси и да нема неформално образование и активности за развој на младите луѓе. Дополнително, со проектот 14 млади луѓе ќе добијат шанса за платено практиканство во јавниот и бизнис секторот како и во граѓанските организации.
Про Локал, организацијата која го води проектот, со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија и пелагониските Општини, ќе реализираат и 9 инфраструктурни објекти од помал обем по предлог на младите од секоја општина.
Проектот е продолжување на активностите од мината година во која исто така група од 50 млади луѓе поминаа интензивен едукативен процес за трансформација од пасивни млади во активни агенти на промени.
Предизвиците со кои се соочуваат младите од руралните места се различни од оние на младите луѓе во урбаните средини и токму затоа во рамките на проектот се креира Регионална платформа за млади во која членуваат сите 9 општини и 9 граѓански организации со мандат заедно да ги решаваат проблемите кои ќе ги идентификуваат младите.
Про Локал и локалните партнери: Еко Герила Преспа, Европска Гледна Точка, Волвокс Битола, Центар за креативни индустрии НЕБО, Младински Совет Прилеп, Младинско Здружение Пелагонци Етнос неформалните групи на граѓани Empowering Krushevo и Урбано гнездо од Кривогаштани ќе го имплементираат овој регионален проект во наредните две години.
Јануари, 2023